„Фосилизиран модернизам“ - предавање на италијанскиот фотограф Стефано Перего во МСУ

02.02.2018 12:57
„Фосилизиран модернизам“ - предавање на италијанскиот фотограф Стефано Перего во МСУ

На 3 февруари во Музејот на современа уметност во Скопје со почеток од 19 часот ќе се одржи презентација на работата на италијанскиот фотограф Стефано Перего.

Главна сфера на интерес на Перего е модернистичката архитектура од дваесетиот век. Цел на неговото гостување во Скопје е презентација на неговата работа, документирање на архитектурата во периодот од земјотресот до денес и фотографирање на бруталистичката архитектура во Скопје.

Предавањето на Перего го носи насловот „Фосилизиран модернизам“. 

На интерактивното предавање неговата работа ќе биде презентирана преку документирани материјали, импресии и критики, преку што студентите по архитектура и други сфери сродни на архитектурата, како и другите заинтересирани гости ќе имаат можност да се запознаат со работата и искуствата на овој фотограф.

Модератор на настанот ќе биде архитектката Сара Симоска.

Предавањето на Стефано Перего е организирано во соработка со МЕЛЕЕМ Скопје.

ОкоБоли главаВицФото