Во „Маус“ Евреите се опишани како глувци, нацистите како мачки и Полјаците како свињи

03.02.2018 12:15
Во „Маус“ Евреите се опишани како глувци, нацистите како мачки и Полјаците како свињи

Кога зборуваме за нацизам и фашизам, забораваме понекогаш дека постоел и пред појавата на свастиката. Словенските народи кои подоцна ќе бидат жртви на нацистите, биле и самите нацисти, земајќи ги предвид полските или руските погроми од 19-ти век. Тогаш доволни беа крстот и обвинение за богохулие за да завршиш во ендек.

И сега Полска одлучува да донесе закон со кој се забранува споменување на каква било врска помеѓу антисемитизмот и Полска, Полска и Холокаустот. Точно е дека Полска беше откажана како држава и потчинета од Третиот Рајх, нивниот народ ставен под брутална репресија, но и со легитимна влада во егзил и заедно со Југославија една од најсилните партизански војски. Но, факт е подеднакво дека многу поедини Полјаци, и групи на Полјаци, учествувале во прогонот и уништувањето на Евреите, кои во тоа време имаа најбројна заедница во Полска.

Ако сте го читале генијалниот стрип „Маус“ од Арт Спигелман, ќе знаете дека Евреите се опишани како глувци, нацистите како мачки и Полјаците како свињи.

Орвеловската метафора јасно алудира на историјата на Евреите во Полска, на историскиот полски антисемитизам кој како што реков, со векови е еден вид на преткомора на германскиот нацизам. Полјаците треба да се сетат дека полскиот агент Јан Карски откри дека во окупираната си земја се спроведува Холокаустот или Шоата, предупредувајќи ги Сојузниците без никој да му поверува. Полјаците во Лондон први знаеја што се случува во нивната земја.

Ужасни се овие шовинистички влади, ужасно е да се гледаат држави кои се плашат да ги препознаат своите злодела. Биле Полјаци кон Евреи, Турци кон Ерменци, Бугари кон Евреи на македонска територија, па сигурно и наши граѓани, Грци или Срби кон Македонци. Затоа велам, полесно им е да одглумат навреденост, без свест дека не можат да ја сокријат паранојата и патетичноста.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Илустрација: Арт Спигелман,
Маус

ОкоБоли главаВицФото