Промоција на каталог за изложбата 1101: Св. Климент низ современата уметничка призма

05.02.2018 17:47
Промоција на каталог за изложбата 1101: Св. Климент низ современата уметничка призма

Изложбата 1101: Св. Климент низ современата уметничка призма, во просториите на новата галерија на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе биде затворена на 6 февруари (вторник) во 12 часот, со промоција на каталогот од изложбата.

На изложбата учествуваа: Мето Ангелов, Кирчо Арсовски, Мирко Бојаџијевски, Иван Ивановски, Гоце Илиевски, Јана Јакимовска, Александар Јосифовски, Владимир Лукаш, Христина Мазнеска, Јулијана Манојловска, Доротеј Нешовски, Миле Ничевски, Петар Петков, Владан Петрушевиќ, Горан Ристовски, Ангела Савевска, Игор Таневски, Дијана Томиќ Радевска и Ненад Тонкин.
Комисијата на изложбата, поради големиот број интересни уметнички концепти кои се различни во пристапот и реализацијата, одлучи НУБ да им додели три рамноправни откупни парични награди на: Игор Таневски, Мирко Бојаџијевски и Владан Петрушевиќ и три рамноправни награди во избор на книги, на Јана Јакимовска, Ненад Тонкин и Мето Ангелов.

Куратор на изложбата е Владимир Јанчевски.

„На изложбата учествува 19 уметници од повеќе генерации чии дела (слики, објекти, проекти, интерактивни инсталации и интервенции), навлегуваат во поширокото поле на актуелните феномени, допирајќи ги прашањата за современоста на средновековието и средновековната современост во поглед на родовата нерамноправност, проблемите и предизвиците на образованието, улогата на институциите на културата како носечки елемент на државниот апарат, индоктринацијата и инертноста, потоа новите комуникациски алатки и системи во дигиталното доба, алгоритамските проекции на иднината, јазичните бариери и спорови, но и пост-религиозната узурпација на верата во процесите на политичка манипулација и општествена дезинтеграција.

Со оваа изложба Библиотеката има цел не само да ја преиспита виталноста на наследството на својот патрон во сегашноста, туку како една можна почетна точка преку современите визуелни дела, постојано да се збогатува перцепцијата и да се проширува полето на интерпретација“, пишува Јанчевски во каталогот.

 

 

ОкоБоли главаВицФото