За работата, играта и спортот

06.02.2018 01:36
За работата, играта и спортот

Работа е она што мора да се прави, а игра е она што не мора да се прави.

 

Работата и играта се зборови со кои се опишува истo нешто во различни околности.

 

Уживам во работата. Често одам некаде во самотија, седнувам во ладовина и размислувам за уживањето што ме чека. Понекогаш тоа го правам толку силно, што размислувам предолго.

 

Не го одложувајте за утре она што можете да го одложите за задутре.

 

Поради деловни причини морам да ги одржувам надворешните знаци на здрав разум.

 

Да ветите дека нема да направите нешто е најсигурен начин да ве спопадне неодолива желба да го направите баш тоа.

 

Не ја сакам работата дури ни кога ја извршува некој друг.

 

Грмотевицата е импресивна, но молњата ја врши работата.

 

Војничкото звање произведува малку светци.

 

Вработените во јавните служби се лица кои народот ги избрал да си го поделат митото.

 

Селски пијаница е цврсто дефинирана, неофицијална јавна служба.

 

Потрудете се секој ден да направите нешто што не сакате. Тоа е златно правило за стекнување навика за безболно извршување на должноста.

 

Отсекогаш ми успевало да заработам за живот не работејќи ништо; пишувањето книги и статии за весници секогаш било игра, а не работа. Уживав во тоа - за мене тоа беше како играње билијард.

 

Голфот е упропастена прошетка.

 

Никогаш не сум се занимавал со физички вежби освен со спиење и одморање. Вежбањето е одвратно.

 

Не му верувам на приучен лекар. Тој мисли дека може да ја излечи секоја болест.

 

Не верувам дека лекарот може да излечи вистински сериозна болест, освен случајно.

 

Најчудно чудо меѓу чудата - пристоен хотелски келнер кој не е идиот.

 

Никогаш не сум направил ништо, ни добро ни лошо, а да не се покајам во рок од 24 часа.

 

Бејзболот е симбол на отворениот и видлив полет и напор на збудалениот и зазбивтан 19-ти век.

 

Набавете си велосипед. Нема да зажалите - ако останете живи.

 

Лекарите знаат толку малку, а наплаќаат толку многу.

 

Проповедниците се секогаш пријатно друштво кога не се на должност.

 

Највозвишена и највредна професија е лекарската - т.е. би била таква кога човечката природа не би копнеела по врачеви и свештеници.

 

Да го сочуваме своето утре за работа.

 

Денот за одмор доаѓа само еднаш во седмицата и вистинска штета е што го нема почесто. Човекот е создаден така што може да поднесе повеќе одмор. Често се сеќавам, со тага, дека би било многу едноставно да се вметнат две недели во една седмица... Семожниот создател можел да го створи светот и за три дена подеднакво лесно како и за шест, а тоа би ни го зголемило двојно денот недела.

 

 

Извор: XXZ Magazin
Слики: Даниел Фореро

ОкоБоли главаВицФото