Отворена ли е истрага за Археолошкиот мууузеј!?

07.02.2018 13:59
Отворена ли е истрага за Археолошкиот мууузеј!?

Имаме грандиозен материјален доказ дека поединци и структури, практично цело едно злосторничко здружување, со самата идеја за зградурината, со проектот, со изведбата, со локацијата, со надзорот, со финансиската конструкција, со сѐ што е врзано со овој објект, предизвикале општа опасност, ги довеле во ризик животите на голем број луѓе, направиле огромна финансиска, еколошка и историографско-куктуролошка штета.

Според тоа, оформен ли е предмет врз основа на фактичката состојба. Во јавното обвинителство? Ангажирана ли е полицијата? Дали се повикани на информативен разговор Елизабета, Груевски, Миле, Мин Чо, надзорот, подизведувачите, дали се собрани сите предупредувања околу опасностите тука да се гради такво чудовиште, викнат ли е да каже два збора архитектот, имаме ли осомничени, обвинети, блокирани ли се имотите и сметките на осомничените итн. итн., блокирани ли се лиценците на архитектот и на проектантот и на изведувачите со цел да не го повторат делото, заслужуваат ли некои од нив веднаш да се најдат во притвор, направена ли е проценка на штетата...!?

Итн. итн.

Или ќе ги пуштиме ако ги повлечат амандманите на Законот за јазиците или ако гласаат за Горна Македонија. Јас мислам обратно: треба да се гонат во согласност со законот, само во тој случај можат да се извлечат и политички отстапки.

Извор: Фејсбук профилот на авторот