Сега кажувам #11

08.02.2018 01:44
Сега кажувам #11

За жал, кај мене е долг списокот

 

По повод #СегаКажувам, кампањата за подигнување на свеста за сексуалното вознемирување, еве и ЈАС Сега Кажувам за саботава што помина.

4 и нешто сабајле.

Се качувам во такси од пред клуб.

Одеднаш некој ми отвора врата, само што не тргнала колата.

Гледам дека е еден тип на кој ни име не му знам, а сум го видела како се мота во мое маало, и УПОРНО пробува да ми праи муабет, иако јас не сакам да му правам муабет.

Толку знам за него.

Одеднаш не ми дава да тргнам, ја држи силно вратата од таксито, се бута со глава у кола, без осет, и почнува да ми се дере, како така јас здраво не сум му праела кога он ќе ме поздравел у маало и ме викал да дојдам да зборам со него, како тоа така јас сум му се понашала на него и не сум сакала, и како јас не сум смеела така да му правам, и каква сѐ не сум...

По којзнае кој пат му викам да си оди, а и таксистот веќе реагира, зашто типот одамна е пренапорен и веќе страшен, никако нејќе да ме пушти да тргнам и ме тегне!

Потоа почнува да ми честита нови години и сѐ по ред, и ми вика: е сега како така ме бркаш кучко една, док јас тука ти честитам нови години?!

Јас па уште културна, застанувам во момент, иако е веќе језиво сѐ, и е агресивен, го прашувам онака човечки, иако се преминати сите граници и е опасно: Добро бе дечко , еве, ни име не ти знам, како бе вака не ти е срам, па и страв, вака да малтретираш? Зошто го правиш ова??! И остај ме веќе!

Одговорот е дерење, пцуење, навреди како и претходно, но сега и најстрашното, ЗАКАНА:

Ма ќе видиш ти вака пичка голема ќе ми се правиш и фраерка, ме бркаш, ама ќе те начекам јас у маало тебе негде, па ќе видиш ти убаво!

Додека уште поцврсто ја држи вратата и ми виси одма над глава, преблиску убутан, ми вика:

И кај ќе идеш ма сеа, а?

Му викам ич да не ти е гајле, и ако ОДМА не ме пуштиш ќе ти викнам полиција.

Тука од него иде следново:

Мрш иди таму изе_ _ се, уништи се! Мрш пичка ти матер, курво една!

Почнувам уште толку да пробувам да ја затворам вратата, додека он уште толку ја влече, и нешто се заканува. И таксистот вика по него, уште толку пробува и тој. Си викам, ако не успеам сега, ќе трчам по обезбедувањето од клубот.
Потоа уште толку здивува и се дере: како јас уствари сега ќе одам кај некој со мерцедес бел џип да ме собере, син на не знам кој, као тој ме собирал мене и претходно, он ме глеал...
Инаку јас таков некој, кај кој лудаков викаше дека ќе идам добро да се уништам и слично како што се изрази - у животов НЕ познавам.

И така извади глава од кола, лупна врата со пцуење и курво скапана иди уништи се, КОНЕЧНО се тргна и едвај тргнав.
Типот уште пробувам и чекам да дознаам кој е, и како се вика.

#СегаКажувам и за qr-от што ми го нацртаа со спреј на врата од дома зашто јас бранев и сакам улични кучиња. Но таа вечер посебно, бранејќи ги маалските од викнати шинтери, зашто му залајале на еден.

Пола ги собраа, пола ги спасив.

Потоа момче и девојка, млади беа, дојдоа од сабајле пред мојот дом.

За среќа бев во ходник кога слушнав гласови. Само што ишприцаа со спрејот, брзо отворив сфаќајки дека сигурно нешто се случува, и фатив да ги бркам по скали, до надвор, кога конечно ми избегаа.Барем веднаш го отстранив нивното дело од вратата. Итн. итн. За жал, кај мене долг е списокот...:/
#сегакажувам #TaniTregoj

17.01.18.

Слика: Јунг Ченг Лин

ОкоБоли главаВицФото