Визионирај #2 – Шест визии како можни верзии на животот

08.02.2018 12:26
Визионирај #2 – Шест визии како можни верзии на животот

Можеме ли без ѓубре? Телевизиски канал за медиумска едукација? Аерозагадувањето како прашање од национална безбедност? Ова се дел темите на втората трибина „Визионирај“. 

Можеме ли без ѓубре? Телевизиски канал за медиумска едукација? Аерозагадувањето како прашање од национална безбедност? Ова се дел темите на втората трибина „Визионирај“ на која шест говорници, на 10-ти февруари во Кино Фросина – МКЦ, ќе споделат интересни визии како можни верзии на животот.

Говорници на трибината и темите на кои ќе зборуваат се:

Андријана Папиќ Манчева – „Можеме ли без ѓубре“?
Николина Атанасова – „Воведување на телевизиски канал за развој на медиумска едукација“.
М-р Наташа Вчкова – „Заштита на урбаните празнини преку реадаптација на напуштени индустриски објекти“.
М-р Љубица Шопова – „Концепти за алтернативни книжарници/библиотеки – општествено корисни можности и перспективи“.
Мухамед Ајваз – „Ромите – внатре или надвор од општествените шини“.
М-р Лазар Поп Иванов – „Загадувањето на воздухот како прашање од национална безбедност“.

Трибината која е замислена како претставување на визии од заедницата за заедницата е насловена „Сеништа и соништа“. Настанот почнува од 13 часот, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

 Извор: МОФ