Господинот Когито Сон-будење

08.02.2018 18:08

таа чекореше со рамномерен чекор небаре извор
облечена во фустан од камченца
во брезова светлина во кората на утрото
од десната страна ѝ одеше зората од левата
ѝ одеше патеката односно одеа ‒ времето и просторот

јас не ни крикнав ниту отфрлен
паднав во јавето според тоа сега барам
со стапот кибритчиња а со испотената рака
меѓу лековите пилулите за спиење
додека неговата паслика во празните очи
тивко шумоли и мириса на бесилка

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото