Волкот го менува влакното, ама не и ќудта

09.02.2018 11:17
Волкот го менува влакното, ама не и ќудта

Шекеринска ја ангажираше поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска во Министерството за одбрана

Венко Филипче нов министер за здравство

Вангеловски: Во Советот за имплементација на судските реформи би членувал по функција

Режимскиот рекетар Горан Трајковски избран за директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци


Кога менуваш авторитарен режим во најмала рака се трудиш да ги тргнеш од власт сите оние кои го овозможиле, поддржувале и/или имале корист од ваквиот режим. Во мали држави како што е нашата и кои располагаат со ограничени човечки ресурси, многу е важно да се искористи секој оној кој има и пола грам мозок. Тоа значи дека овие луѓе не е добро да ги отпуштиш, туку да ги дистанцираш од центрите на моќ, влијание и управување, односно да ги ставиш во средина која ќе ги контролира и ќе оневозможи девијантно делување.

Секое поставување на ваков човек на управувачка позиција и/или одложување на неговото тргање од ваква позиција доколку веќе се наоѓа на неа, значи или дека си многу наивен (до ниво на глупост) или дека сакаш да го искористиш тој човек на истоветен начин како што го користела и претходната владејачка структура (за мамење, крадење, лажење, лично богатење…).

Тие кои биле корумпирани во време на владеење на претходната владејачка структура ќе бидат корумпирани и со новата.

Опкружувањето со поголем број од овие луѓе веќе ја зголемува веројатноста дека станува збор за ова второво, односно, дека сакаш да мамиш, крадеш, лажеш и да ја користиш власта за лично богатење, и ваквите луѓе ти се едноставно неопходни.

Извор: kvadraturanakrugot.crnaovca.mk
Слика: Били Даркарт