Постер-акција против загадувањето: #СМОГЈЕ

11.02.2018 13:47
Постер-акција против загадувањето: #СМОГЈЕ

1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е еден од најзагадените градови во светот.

Пораст на алергиски реакции кај деца, зголемување на бројот на болести на дишните патишта, депонии, диви депонии, фабрики, хемиски отпад, мали погони загадувачи, нееколошки материјали за топлинска енергија, застарен возен парк...

Ова се само неколку причини да ни се придружите во општествената акција со наслов „Смогје“, преку визуелните пораки и постери да ги разбудиме нашите заспани сограѓани, властите и општата јавност!

УСЛОВИ ЗА ПОДНЕСОЦИТЕ

- Секој има право за учество со МАКСИМУМ 3 плакати.

- Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение.

- Плакатот мора да го содржи мотото на акцијата #СМОГЈЕ или #SMOGJE.

- Инкорпорирани исписи да бидат на македонски или друг јазик кој се говори во Македонија.

- JPG фајл со припрема за печатење, Б3 формат (350x500mm) , резолуција 300 dpi / CMYK бои.

- Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кој не поседувате авторски права.

- Визуелните решенија ќе бидат користени за презентација и медиумска употреба и/или за репродукција за промотивни цели во кампањата.

Испрати го Твојот постер НАЈДОЦНА до 19 февруари.

Линк за аплицирање: www.skopjeposter.com/gallery2

Оваа иницијатива има за цел да пресрасне во кампања, која ќе го третира ова прашање, со безрезервна поддршка од медиумите и полно право на авторите на делата кои учествуваат за нивна промоција во рамки на истата.

МојВоздух ќе се приклучи на нашата иницијатива за состоjбите на загадувањето и заедно ќе работиме на поголемо подигнување на свеста за овој застрашувачки проблем.

Се надеваме дека ќе бидете дел од „Смогје“ .

ОкоБоли главаВицФото