Од љубовната поезија на Господинот Когито

11.02.2018 13:31

Кастеланова* ќерко на моите прсти госпо на мојата коса
владетелко на болните точки на мојата огромна кожа
Ангелу на моето ребро лукаво земена
додека спиев склопувајќи ги крилјата на своите лопатки

на долгата струна на моите црева
на црното грло на мојата глад
на кобзата** на градите на тапанот на стомакот
лежи овалниот камен на тишината

врзана со јажето на мојот сон ќе те привлече
мравјиот допир ќе ја отвори сипкавата јама на телото
и оттогаш тоа ќе биде еден здив
и еден крик небаре знаме
од високата кула на рбетот

*Кастелан ‒ надзорник на тврдина или замок; заповедник на градска стража (во кастел)

**Кобза ‒ украински стар жичен инструмент. (прев.)

Превод: П. В.

 

ОкоБоли главаВицФото