Хермес, песот и ѕвездата

12.02.2018 03:01
Хермес, песот и ѕвездата

По светот оди Хермес. Среќава пес.

‒ Јас сум бог ‒ љубезно се претстави Хермес.

Песот му ги душна нозете.

‒ Се чувствувам осамен. Луѓето ги изневеруваат боговите. Ѕверови, несвесни и смртни ‒ ете што ние сакаме. Навечер, после целодневното акање, ќе си седнеме под дабот. Тогаш ќе ти раскажам како сум стар и дека ќе умрам. Лагата ќе биде неопходна за да ми ги лижеш рацете.

‒ Се разбира ‒ немарно одговори песот ‒ ќе ти ги лижам рацете. Студени се и имаат чуден мирис.

Одат тие, одат. Среќаваат ѕвезда.

‒ Јас сум Хермес ‒ рече богот, и извади едно од своите најубави лица. ‒ Дали би тргнала со нас на крај на светот? Ќе се потрудам таму да ти биде ужасно и да мораш да ја ставиш главата на моето рамо.

‒ Добро ‒ со стаклен глас рече ѕвездата. ‒ Сеедно ми е кај ќе одам. Но тој крај на светот ми е чиста наива. За жал, не постои крај на светот.

Одат тие, одат. Песот, Хермес и ѕвездата. Се држат за раце. Хермес размислува: кога втор пат би тргнал да барам пријатели, би бил помалку искрен.

Слики: GRACE HEEJUNG KIM
Превод: П. В.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото