Аферата Шекеринска/Крамарска

13.02.2018 01:14
Аферата Шекеринска/Крамарска

Случајот Крамарска има потенцијали да се претвори во случај Шекеринска. Или да ја сведе јавноста на жена која никого не вознемирува и не возбудува. Да ја умре! Да ја претвори во збирштина на десубјективизрани идиоти кои излегуваат на избори и референдуми само за да ја оверат својата дијагноза.

Случајот е одвратна демонстрација на доктрината на мирољубивата коегзистенција, хахаха, систем во кој меѓународната заедница смета дека Македонија може да ги оствари своите обврски кон себе и кон светот, демек, благородна проекција, но, како и многу други убави идеи и оваа е претворена во кулиса зад која мирољубива коегзистенција остварува криминалот оставајки ги пред потемкините разорните последици врз вредносните ориентири на општеството. Ваквите кадровски решенија, а се намножија бааѓи, не водат кон обединување на општеството, како што некои, можеби, се надеваат, туку во вредносна дезориентација во која се бришат разликите меѓу доброто и лошото, злото и благородноста, солидарноста и зулумот, убавото и грозното. Односно водат во смрт на заедницата. Шекеринска се надева дека нејзиниот карван ќе стигне на целта ако доволно упорно ги игнорира кучињата што лаат. Тоа, се разбира, не е невозможно, но целта на која ќе стигне нејзиниот карван, не е целта кон која ние се стремиме.

Изборот на Крамарска не е резултат на никакви критериуми кои можат да го оправдаат решението на Шекеринска. Сигурно. Тој избор е надвор дури и од зоната во која на еден министер може да му се дозволи послободно „судиско“ уверување околу критериумите. Тоа значи дека е резултат на притисок врз министерката или на преземени обврски од нејзина страна. Тоа е така деградирачко за неа што јас немам зборови. Адорексичниот однос и на министерката и на нејзината советничка, можеби, е само поза, таа безгрижност не ќе да е знак на моќта зад која се крие репликата „ма кој ве ебе“, не, мислам дека е во прашање нешто друго.

Не знам како Соња ќе се извлече од оваа афера, можеби ќе ја стават за командантка на противвоздушната одбрана, но знам дека на Радмила нема да ѝ биде лесно. Особено ако во меѓувреме, јавноста се потруди уште малку да ѝ ја згрее фотељата која уште од почетокот не беше за неа.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња