(ВИДЕО) Последното интервју со планинарката Калина Велевска

14.02.2018 02:57
(ВИДЕО) Последното интервју со планинарката Калина Велевска

Калина Велевска, која беше член на планинарскиот клуб „Трансферзалец“ и која загина на Кајмакчалан, своето последно интервју го имаше направено со новинарката Неда Маретиќ, која беше дел од тимот на планинари кои се качуваа на Кајмакчалан.

Калина во неделата трагично го загуби животот на Кајмакчалан, заедно со 35-годишниот Александар Миновски.

Во изјава за Тера Маретиќ рече дека Калина ја познавала како личност која живеела за планините.

„Нејзината насмевка како ехо ќе одѕвонува на секој врв.“

Калина беше организаторка на 12 планинарски предизвици, и додека беше со новинарката Маретиќ, таа во тој период го водеше Дневникот на една планинарка.

35-годишниот Александар Миновски, кој исто така загина на Кајмакчалан заедно со Калина Велевска, имал освоено многу планински врвови, не само во Македонија, туку и низ Европа.

Извор: reporter.mk