Зошто сум скептичен во врска со исходот од преговорите со Hellenic Republic?

14.02.2018 03:50
Зошто сум скептичен во врска со исходот од преговорите со Hellenic Republic?

Еве го писмото со кое Hellenic Republic ја признава нашата држава со референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“.

Што може да се заклучи од ова писмо?

1. Hellenic Republic веќе признала именување на нашава земја во која e содржано нашето уставно име на англиски јазик „Republic of Macedonia“ со дескрипцијата „the former Yugoslav“ („поранешната Југословенска“). Сега се однесуваат како да не нѐ признале.

2. Иако веќе нѐ признале со референцата, Hellenic Republic продолжува да го употребува акронимот FYROM, за да ја избегне употребата на изразот Macedonia, доведувајќи ја во заблуда домашната, па и странската јавност.

3. Hellenic Republic со спогодбата во 1995 се обврзала да не приговара на наше членство во меѓународни организации во кои самата е членка, но си го задржала првото да приговара ако во апликацијата има различно именување од референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“. И оваа обврска не ја реализира.

4. Mеѓународниот суд на правдата утврди дека Hellenic Republic не се придржувала на обрската со тоа што приговарала на нашиот прием во НАТО со референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“. Исто така, истиот суд утврди дека нема причина да се претпоставува дека Hellenic Republic ќе продолжи да приговара и во иднина, претпоставувајќи дека Hellenic Republic ќе се придржува до спогодбата од 1995, по пресудата.

5. Но, Hellenic Republic продолжува да не се придржува до Привремената спогодба од 1995 и не ја почитува ниту пресудата на Mеѓународниот суд на правдата.

Каква гаранција имаме дека Hellenic Republic ќе се придржува до некоја идна спогодба, ако знаеме дека досега не се придржуваше на Привремената спогодба од 1995?

Немаме никаква гаранција!

И покрај тоа што ОН досега не се покажаа како цврсти гаранти, ние упорно продолжуваме да преговараме во рамките на ОН!

Токму затоа, би бил крајно внимателен во однос на какви било отстапки, особено такви кои сакаат да го разбијат веќе признаениот израз „Republic of Macedonia“ кој е составен дел од „the former Yugoslav Republic of Macedonia“.

Ако веќе се преговара, тогаш може да се преговара за замена на дескрипцијата „the former Yugoslav“ со некоја друга дескрипција, или за додавка во заграда, ама каква било промена во изразот „Republic of Macedonia“ ќе значи уназадување од постигнатото со Привремената спогодба од 1995.

Да потсетам, исто така, дека ниту нашиот прием во ОН, ниту пак потпишувањето на Привремената спогодба од 1995, не подразбираше промена на уставното име.

Накусо, дури и да се договори нешто во ОН, немаме никаква гаранција дека истото ќе биде почитувано од страна на Hellenic Republic!

Затоа, не би инсистирал на постигнување нов договор со Hellenic Republic по секоја цена, доколку како гаранти на тој договор не застанат и НАТО и ЕУ.

Извор: Фејсбук профилот на авторот