После пожар

14.02.2018 13:30

Влезе мал ќелав старец, готвач на генералот Жуков,
истиот кому му изгоре капата. Седна и слушаше. А потоа
и тој почна да се присеќава и раскажува доживеалици.
Николај, кој седеше на печката и ги клатеше нозете,
слушаше и се распрашуваше за јадењата коишто
ги спремале за племството во старите времиња.
Зборуваа за шницли, котлети, разни супи и сосови,
а готвачот, кој на сè мошне добро се сеќаваше, спомнуваше јадења
кои веќе не се спремаат; имаше едно, на пример - јадење
од биволски очи, кое се викало „будење
в зори“.

-Антон Чехов, „Селани“

 

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото