Мокра слика

15.02.2018 09:04

Прекрасните денови
кога градот е налик на коцка, лепеза и птичја песна
или черупка од школка на брег
          - збогум, збогум убави девојки,
        се сретнавме денес
     и никогаш веќе нема да се видиме.

Прекрасни недели,
кога градот е налик на топка, разгледница и окарина
или ѕвонче
          - на сончевата улица
        се љубеа сенките на минувачите
     и луѓето се оддалечуваа, потполни странци.

Прекрасните вечери
кога градот е налик на ружа, шаховска плоча и виолина,
или уплакана девојка
          - игравме домино,
    домино со црни точки со мршави девојки по кафеани,
    гледајќи ги нивните колена,

истрошени и соголени
како два черепа со свилените круни на подвезиците
во очајничкото царство на љубовта.

 

-Јарослав Сајферт (според англискиот превод на Евалд Осерс)

 

Превод: П. В.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото