Човечки далекуводи

24.08.2010 12:42
Човечки далекуводи

 

Џин Чои и Томас Шајн, партнери од американската канцеларија Choi+Shine, кои за себе велат дека се архитектонско-дизајнерска фирма специјализирана за убав, оптимистички и промислен дизајн, неодамна за својот проект „Land of Giants“ ја примија наградата за неизградена архитектура на бостонското друштво на архитектите.
 
 
Станува збор за проект кој настанал како нивен натпреварувачки предлог, награден со посебно признание, на конкурсот за Исландски кули, чија цел била да се најде нова типологија за тамошните високи инфраструктурни далекуводи.
 
Нивното решение, со мали измени, ги преобразува вообичаените далекуводи во џиновски скулптури со човеколик облик кои се распространети низ исландскиот пејзаж. Низ само неколку промени на постоечките облици на челичните структури, тие создадоа низа разновидни, монументални и моќни кули, т.е. далекуводи.
 
 
Ако може да им веруваме на авторите, ваквите реинтерпретирани далекуводи, посебно во драаматични пејзажи како исландскиот, стануваат атракција и пружаат незаборавно визуелно искуство, претворајќи ги обичните кули на далекуводите во интересни џиновски скулптури. Во објаснувањето на својот концепт архитектите додаваат дека фигурите на далекуводот со своите облици, или поточно, со „гестот“, можат соодветно да се вклопат во околината во која се сместени, како, на пример, имитирајќи човек кој се качува.
 
 
 

 

Mk

ovie se za kaj nas. Ke gi barame po otpadite za staro zelezo posle 4-5 dena.
<a href="http://www.gameszone-z.com">Fun games</a>

kako ne

kako ne

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Уметност
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото