Секоја револуција ги јаде своите деца, само македонската ги казнува!

19.02.2018 02:15
Секоја револуција ги јаде своите деца, само македонската ги казнува!

Тамам сакав да напишам нешто за казните од илјада евра по дуќан, кои му се изречени на Ристо Пенов затоа што во продавниците што се регистрирани „ПРЕТЕЖНО за текстил“ продавал и кондури (кои, бај д уеј, ги продава на истите места уште од времето на Кресненското востание, комитите кај него купувале свински опинци, а партизаните германски чизми втора рака) кога, оп, го казниле Алек Гочев затоа што пред две години фрлал балони со фарба врз некои државни објекти полни со пљачкаши, убијци, злотвори, лудаци, фашисти и друг сличен испрдок на еволуцијата.

Сто евра го казниле човекот.

Океј, но како надлежните органи утврдиле дека во неговите балони имало боја, а не сперма, да речеме, и како дознале дека точно неговите балони ја погодипе целта и предизвикале штета на, инаку, тотално девастираните институции одвнатре. За тие штеточини нема постапка, нема пријава, нема казна.

Второ, казнети ли се другарот и другарката Заев и Шекеринска кои фрлаа балони со фарба врз таканареченото Министерство за правда?

Зошто против мене нема ниту една пријава!? Можеби затоа што мавајки по Министерството успеав да си ја офарбам новата јакна „Гант“, подарок од најдобриот адвокат јужно од Будимпешта и белата капа „Наутика“, купена кај казнетиот Ристо.

Изнајмен ли е шлеперот што на Павле Богоевски треба да му ги однесе неговите шест милиони и триста илјади пријави?

И, трето, како тоа сите револуции си ги јадат своите деца, само нашата не ги јаде, туку ги остава без ебан денар!?

Да ви се посерам на казнената политика, да ви се посерам!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Ванчо Џамбаски