1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Аматерската фотографка и активистка Евгенија Гор на напуштените казахстански мачки им дава многу повеќе од повремени оброци и работи на тоа целиот свет да чуе за нив и да ги разбере нивните проблеми.
Од 2006 година, таа работи на проектот „Меѓу световите“, чија цел е решавање на проблемите и документирање на процесите, а кога го почнала проектот, Гор немала никакво претходно фотографско искуство. Главна тема на проектот е односот на граѓаните кон мачките-скитници, па се испостави дека фотографијата е корисно средство, бидејќи подобро од кој било пишан документ ги илустрира односите, односно последиците од напуштањето на оние кои некогаш ги нарекувале миленичиња.
На крајот, целта на овие фотографии не е само да прикаже, туку и да предизвика емпатија кај гледачот, да придонесе за подобра позиција на еден дел од светот на мачките.
Извор: Feature Shoot