
Смртта на Мирослав
(Стојановиќ Шуки)
Е негација на негацијата
Кога имав 16 години
Ја читав „Сидарта“ од Хесе
И на ѕидот во својата соба
Направив графит
„да умреш е како да скокнеш во базен
Во врел летен ден“
По две години кога татко ми
Ја напушти сцената
Се стрчав наоколу како во бунило
Качив 39 со 2
И требаше некако да се симне проклетата температура
Или костимот за капење на проклетството
И да се бањам гола
Па сфатив дека Сидарта бладал за базенот
Ама графитот остана
Фотографија: Џорџ Грифи