Најдружељубивото животно во светот

20.02.2018 12:43
Најдружељубивото животно во светот

Зошто другите животни толку многу ги сакаат капибарите? Фотографиите се прилично убедливи. Се чини дека секое животно сака да се дружи со ова пријателско суштество кое изгледа како хибрид од стаорец и свиња.

Дури и крокодилите сакаат да се во друштво на капибарите.
Одговорот веројатно се наоѓа во фактот дека капибарите се многу социјални животни кои често живеат во групи од 10 до 20.

Ова прекрасно суштество е најголем глодар во светот, расте до големина од 134 см и тежина до 6о кг. Нивна татковина е Јужна Америка. Најгусто се населени по долината на реката Ориноко и областа Пантанал.

Капибарите се полуводни цицачи кои преферираат да живеат во близина на вода; всушност, тие се одлични пливачи, можат да ги избегнат предаторите со тоа што ќе останат под вода и до 5 минути. Тие важат за најдружељубиви животни во светот. 

 

 

ОкоБоли главаВицФото