Македонија го менува името на автопатот во Бивши автопат Александар Македонски

21.02.2018 01:26
Македонија го менува името на автопатот во Бивши автопат Александар Македонски

Скопје, 21 септември 2018

Вработените во Македонија пат почнаа со замена на старите табли на автопатот Александар Македонски, со нови на кои пишува Поранешен автопат Александар Македонски, јавува нашиот репортер од Скопје.

Македонската власт се реши на ваков потег како отстапка кон Грција пред продолжувањето на преговорите за името на државата.

„Одлучивме да го промениме името на сега веќе бившиот автопат Александар Македонск во нов автопат кој ќе се вика Поранешен автопат Александар Македонски“, вели македонскиот премиер Зоран Заев. „Постоеше предлог да го наречеме Нов автопат поранешен Александар Македонски, но името е предолго па се задржавме на првиот предлог“, вели тој.

Покрај автопатот, ново име ќе добие и аеродромот, кој сега ќе се вика Поранешен аеродром Александар Македонски, а власта размислува и за замена на античките споменици кои се подигнати во Скопје.

„Спомениците ќе бидат срушени, а наместо нив ќе ги подигнеме истите споменици, но сега со други имиња, па така во центарот на Скопје ќе биде подигнат Бившиот споменик на Александар Македонски“, потврди македонскиот премиер.

Извор: Njuz