Магнат

21.02.2018 14:59

Беше тежок милиони.
За тоа не сакав да знам.
Не е битно,
а не знаев дека е.

Како можев да ги раширам нозете
и толку близу да примам некој маж.
Наполно несвесна за своето тело,
неговиот изглед,
за реалната големина.

Секогаш сум била голема жена.
Огромна ‒ наспроти него.

Едно утро
се будам
со веќе отворени очи.
Тежок воздух во собата,
врелината го полни срцето.
Матно,
сиво ми е срцето,
флекави се прозорците.
Лежам склопчена за да не го вознемирам.
Тој сака нечујност.
Мирна сум до укоченост.
Тој се буди на шум.
Трнам до совршенство.
И тогаш
решавам да заминам.
И баш тогаш
и тој решава
да
и тој решава
да
и тој решава. Х5

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото