1025 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 07:59
Сменет ли е идентитетот на гостите што порано одеа во „Дал мет Фу“, а сега одат во „Пелистер“!?
Денешните заебанции со името стануваат позабавни од сите
„Фчерашни новости“.
Стварноста е претворена во карикатура каква што уметноста сѐ уште не е во состојба да произведе.
Македонците се валкаат во идентитетот како глувци во лепак, а публиката не навива за Ванковска или за Милчин, туку за лепакот.
Во таква ситуација се фатив во ставот дека Буркина Фасо е името што би го одбрал за име на државата во која живеам.
Во некоја светска анкета за најубаво име од сите имиња на сите држави, моите твелф поени би отишле за името Буркина Фасо.
Не се заебавам.
Како што за најубаво име на еден фудбалски клуб би го одбрал името Астон вила или Ливерпул, макар што навивам за Манчестер јунајтед.
Не сум го слушал Милчин, не слушам никого меѓу Табановце и Евзони, но, со сите резерви околу автентичноста, ме фрапираат посредните информации дека тој се заебавал со името Буркина Фасо, дека го користел како плашило за тоа што може да се случи ако го смениме името како што Горн Волта под Зоки Санкара го сменила името во Буркина Фасо.
Земја на исправните луѓе.
Фрапиран сум затоа што тоа сквернавење на името Буркина Фасо доаѓа од еден уметник, естет по дефиниција. Да рекол дека ние како некаква балканска Горна Волта ќе го смениме името во Чад, тоа би го разбрал.
Какво е тоа име Чад за една балканска држава со славомакедонско мнозинство!?
Или Мали.
Кои се мали, ние Мали, не заебавај, бе, Ципрас, ало, Ангела, па ние сме биле до Инд и Пенџаб и Кашмир, тогаш кога Грција не била ниту во цела Атина!
Ако станеме Горна Македонија ние не би можеле да станеме и Буркина Фасо, тој домеин веќе е зафатен, но би можеле да бидеме Буркина Ласо или, помакедонски: Буркина Ортома!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња