Научниците откриле клетки во мозокот што предизвикуваат анксиозност

22.02.2018 01:54
Научниците откриле клетки во мозокот што предизвикуваат анксиозност

Анксиозноста е состојба во која личноста чувствува загриженост и напнатост. Се карактеризира со чувство на страв кој може да доведе до напади на паника. Силно влијае врз секојдневниот живот на луѓето на кои и само да излезат од дома или да ги извршуваат секојдневните активности може да им претставува проблем.

Во денешно време сè повеќе луѓе страда од ова пореметување. Според најновите податоци 18,1 отсто од Американците страдаат од анксиозност која, во најголем број случаи, настанува заради стресни ситуации.

Невронаучниците од Универзитетот Колумбија во САД, проучувајќи ги глувците откриле специфична група клетки во мозокот што ги нарекле „клетки на анксиозноста“. Освен тоа, откриле и како да се контролираат невроните одговорни за преголемата загриженост и на тој начин како да се намалат симптомите. Тие користеле „Calcium imaging“ техника и во мозокот на глувците вметнале многу ситни микроскопи со помош на кои ја снимале активноста во хипокампусот.

Научниците забележале дека кога глувците биле под стрес, односно кога почнувале да чувствуваат закана има засилена активност во предниот дел на хипокампусот. Колку што глушецот имал повеќе тегобност, толку невроните биле поактивни.

Професорот Рене Хен смета дека „клетките на анксиозност“ веројатно постојат и кај луѓето. Но добрата вест е дека научниците пронашле начин како тие да се контролираат.

Користеле оптогенетика, односно процес во кој се употребуваат зраци светлина. Со помош на тој метод успеале да ги исклучат клетките што предизвикуваат страв. Во таа состојба глувците веќе не се плашеле, туку без никакво проблем излегувале на отворен простор.

Одредена доза на анксиозност може да биде добра бидејќи нè чува од опасност, но ако потполно надвладее со животот може да предизвика големи проблеми.

Сега кога во хипокампусот се пронајдени клетките одговорни за настанувањето на анксиозноста, научниците се надеваат дека ќе успеат да пронјадат и нови методи за лекување на ова пореметување. Се зголемува бројката на истржувања што им дава надеж на сите што страдаат од анксиозност.

Извор: geek.hr