Систем

22.02.2018 16:42

Ситна е човечката шака
таа тупаница
самата себе ќе се здроби.

Како ги бирате оние за вдомување, а оние што остануваат на улица?
Тоа е работа на случај.
Носат бебиња.
Повредени кучиња.
Едно по едно.
Немаме услови.
Нападнете го системот.
Не ти е ова Германија.
Замолчувам. Не е во тоа работата. Ма, не е во тоа работата.
Не сте доволно храбри.
Помеѓу себе и песот
Се гледате само себе.
Кучињата се влечат по улициве
Со повредени тела
и плачни очи.
Ја чуваат живата глава
од минувачите.
Треперат пред човека, не дишат.
Кучешки живот, со човека.
Едно пролетно утро
заминав,
среде експлозија на срцето
Од премногу луѓе,
Многу повеќе отколку кучиња.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото