Во името на Вистината, Правдата и Убавината

28.02.2018 11:05

Во името на Вистината, Правдата и Убавината
ја прогласувам
Република Македонија за уметничко дело.
Во состав на делото влегуваат сите жители на Македонија што живеат, живееле и што ќе живеат во иднината, сите нивни дела, сета природа, историја, минато, сегашност и иднина.
Секое менување на името и содржината на овоа дело, насилно или ненасилно, се прогласува за криминален варварски чин и ќе биде спречен и казнет според земните и небески закони.
На ова дело не може да му се одземе ниеден негов дел, од друга страна на делото може да се додадат делови кои ќе бидат во функција на дополнување на уметничката вредност.
Скопје 25.02.2018.

Зоран Јаневски, Фејсбук, 26.02.18.