Нештата какви што се

28.02.2018 18:02

Додека нашиот мил мртов пријател
со својот куфер
е повторно збунет,

ние сме тука, преживеаните,
со чинија желè од бадеми пред нас,
неспособни да си ги најдеме душите.

Возот запира.
Небото нежно се отвора
и бројките од берзата трепкаат над улицата.

Сите нешта,
такви какви што се,
се движат кон сеќавањето.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото