Драг Марте – Влези – (1320)

01.03.2018 18:26
Драг Марте – Влези – (1320)

Драг Марте – Влези –
Колку ми е мило –
Те очекував од порано –
Симни си ја шапката –
Сигурно идеш пеш –
Колку си без Здив –
Драг Марте, како си, а Другите –
Природата ја остави ли арна –
О Марте, Дојди на горниот кат со мене –
Колку имам да ти кажам –

Ми стигна Писмото, и Птиците –
Јаворите не знаеја дека доаѓаш –
Ти велам – како им се вцрвија лица
Но Марте, прости ми –
И сите што ми даде да ги осенчам Ридја –
Немаше соодветен Пурпур –
Со тебе цел го прибра –

Кој чука? Оној Април –
Заклучи ја Вратата –
Нема по мене да трча –
Година цела го нема за да дојде
Кога сум зафатена –
Но ситниците се некако небитни
Ти откако влезе

Таа вина е драга ко Фалба
А Фалбата мала ко Вина –

 

превод: Борислав Јарчевски

 

ОкоБоли главаВицФото