Уште колку ќе треба да ги трпиме неправдите на ДУИ?

03.03.2018 18:42

Oној штракнатиот старец што ја тегнеше Радмила за коса во Собрание доби 4 години затвор.

Овој Бекир Асани што нападна полицајка на улица не заслужи ни истрага да се води против него заради сомневање за извршено кривично дело за напад врз полицаец и попречување при вршење на службената должност (без оглед дали е вербален или физички). Ќе се помине со прекршок.

Уште колку ќе треба да ги трпиме неправдите на ДУИ само за да не ни се случи поголемото зло - враќање на груевизмот и сите страотии кој тој ги носи со себе. Такво нешто демократијата во Македонија не може да издржи. Скроз ќе ја снема. Ама и ДУИ е мачна за трпење и поднесување. Особено ако неправдите што ни ги приредуваат и криминалите што ги практикуваат продолжат со години.

Владимир Петрески, Фејсбук, 02.03.18.