СКОПСКИ МАРАТОН 2009 - недела 10 мај 9:00

08.05.2009 18:35
Maraton---Baner.jpg

Пријави се! Трчај!
Дојди на плоштад!
...Или излези пред зграда и аплаудирај!

Во недела на 10 мај 2009 (недела) вo 9:00 ќе стартува Скопскиот маратон.
 
Маратонот е еден од најголемите спортски настани кои се одржуваат во Македонија. Оваа година се очекува учество на повеќе од 1800 натпреварувачи во четирите трки на програмата:
 
·         42.195 км - маратон / старт 09.00
·         21.097 км - полумаратон / старт 09.00
·         5000 м (за рекреативци) / старт 09.00
·         2000 м (за основни училишта)  / старт 08.45
 
Сите останати кои нема да учествуваат во трките, повелете на плоштадот и низ улиците на Скопје, да ги поддржиме маратонците!
 
Повеќе за Скопскиот маратон:
 
 

Интересни факти за маратонските трки

Должина на маратонската трка

Должината на маратонската трка долги години не била фиксирана, бидејќи се сметало дека е најважно сите натпреварувачи да истрчаат иста дистанца.
На првата модерна Олимпијада во 1896 година, должината на маратонот изнесувала 40 км. Во 1908 година стартната линија на трката била поместена за да кралското семејство има што подобар поглед врз натпреварувачите и поради ова поместување патеката била долга 42.195 км. На следните олимписки игри во 1912 година должината била 40,2 км, 1920 година таа изнесувала 42.75 км. На првите 7 модерни олимписки игри се трчани дури 6 различни должини помеѓу 40 и 42.75 км (два пати е трчано точно 40 км)
Фиксната дистанца 42.195 км е установена во 1921 од Меѓународната атлетска федерација.

 

Десетте најдобри резултати во маратонските трки

МАЖИ
Време
Атлетичар
Земја
Дата
Место
2h03:59
28 September 2008
2h04:27
5 April 2009
2h04:27
5 April 2009
2h04:55
28 September 2003
2h04:56
28 September 2003
2h05:04
5 April 2009
2h05:10
26 April 2009
2h05:15
13 April 2008
2h05:20
26 April 2009
2h05:27
26 April 2009

ЖЕНИ
Време
Атлетичарка
Земја
Дата
Место
2h15:25
13 April 2003
2h18:47
7 October 2001
2h19:12
25 September 2005
2h19:19
28 September 2008
2h19:36
23 April 2006
2h19:39
19 October 2003
2h19:41
26 September 2004
2h19:46
30 September 2001
2h19:51
12 March 2006
2h20:42
22 October 2006

 [bg|blazev-dom|1|20|sort|1|#bbbbbb|13|Студентски дом]