1008 hPa
40 %
19 °C
Скопје - Саб, 14.03.2026 13:59
Дел од мене е сѐ уште на железничката
во Рим, Термини, и чека да ги слушне
твоите чекори. Конечно, трчаме:
јас од едниот крај, ти од другиот, секој
крај себе влечејќи си го куферот.
Што спакува? За две недели не ти треба
повеќе облека одошто за цел живот, освен
ако не се излити, па мора да ја замениш.
Термини:
те чекав со часови; или, друг начин да
опишеш парчиња време определени за
средби или состаноци, кои во исто време
се и термини што се синоними, речиси –
оти средби, освен случајни или службени
состаноци, според некои речници, значат
и натпревари („Средбата заврши нерешено“)
и скришни наоѓања на љубовници.