Зошто треба да се читаат книги секој ден?

07.03.2018 01:32
Зошто треба да се читаат книги секој ден?

Луѓето што читаат научна фантастика, публицистика, поезија или проза само 30 минути дневно во тек на неколку години, живеат просечно 2 години подолго од оние кои воопшто не читаат. Ова е резултат на истражувањето спроведено на Универзитетот Јејл (Yale School of Public Health) а се темели на податоци собрани изминативе 12 години за читателските навики, на примерок од 3600 мажи и жени на возраст од 50 години.

Читањето од најрана возраст е важно. Колку порано децата ќе почнат да читаат книги, толку полесно ќе им биде подоцна во животот. Имено, читањето влијае врз целокупниот развој на децата. Оние деца на кои родителите им читале книги неколку пати неделно додека биле бебиња, подоцна покажале подобри резултати на тестовите за интелигенција.

Читањето е еднакво важно и на повозрасни години. Кога се практикува цел живот, читањето може да помогне за одржување и фунционирање на здравјето на мозокот. Едноставно кажано, силата на зборовите ја зголемува силата на мозокот.

 

Вежба за мозокот

Читањето книги (од кој било жанр) го тера мозокот критички да мисли и работите што ќе ги прочита да ги поврзува со надворешниот свет.

Кога поврзуваме мозокот буквално креира нови патишта помеѓу внатрешните делови и двете хемисфери во него. Со тек на време тие невронски мрежи влијаат за побрзо размислување и можат да бидат одбрана од најлошите последици на когнитивното пропаѓање. Читањето на нешто што го исполнува умот и нè изложува на нови зборови, фрази и факти има ментални предности.

Богатиот вокабулар може да доведе до поотпорен ум, она што научниците го нарекуваат когнитивни резерви. Тоа може да се опише како способност на мозокот да се прилагоди на оштетувањата.

Исто како што клетките на крвта создаваат згрутчување на местото каде што сте се исекле, така и когнитивните резерви им помагаат на мозочните клетки да пронајдат нови ментални патишта околу оштетените подрачја предизвикани, на пример, од мозочен удар, деменција и други облици на заболувања.

Вокабуларот е отпорен на стареење, а ако имате богат вокабулар тоа може значајно да го одложи менталното пропаѓање. Учењето странски зборови, исто така, има важни когнитивни предности.

Учењето нешто ново, како на пример, свирење некој инструмент и странски јазик, е една од најдобрите работи што може да ги направите за вашиот мозок на која било возраст.

Така, полиглотите се многу појаки кога станува збор за мултитаскинг, имаат подобро памтење и подобро се фокусираат на важни информации отколку говорителите на само еден јазик.

Извор: Reader’s digest

 

Слични содржини

Книжевност / Култура / Историја
Наука / Екологија / Живот
Книжевност / Психологија / Живот / Култура
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото