Зарѓавена

07.03.2018 19:35

Секојпат кога ќе отворам уста покажувам заби
повеќе од што сакам. Не можам да престанам да си ги лизнувам, забиве.
Речиси сум весела што знам дека сè уште се тука (на мајка ми ѝ отидоа)
но сепак се засрамувам што дури ни тие не се
убави. Сепак, еднаш си го сакав гласот, како се движеше
низ дупчето во моите заби како птичја песна наутро,
како бавниот вител на поточе в самрак. Баш вчера
една жена ги затвори очите додека читав на глас, и
рече дека сака да заспие во тој звук, на мојот глас.
Сè уште знам да потпевнам. Прераниот рак не го сопре нагонот
да пеам но
чакал има сега. Еден подводен тек
што исто така ме открива. Време и пропаст. Тежок одрон
по планината. Кога престана да ми зборуваш
тоа што го сакаше е јас да престанам да ти зборувам. Да
ми замре звукот на гласот. Знам.
Не ја сакаше таа жива во твоето уво.
Што значи
да замолкнеш некого? Тоа значи дека го преживам ударот
на дожд врз лимениот покрив од детството, како знаев да слушам
по цел ден додека не најде водата пат низ рѓата. И тогаш јас
те таму ќе ставев тавче, те тука тенџере за да ја собере.

Превод: Борислав Јарчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото