ПичПрич во кино Милениум

08.03.2018 01:15
Вечерва Пич Прич во кино Милениум

ПичПрич, гала вечерта на раскажување женски приказни ќе се одржи вечерва (8 март), во Кино Милениум, со почеток во 19 и 30 часот. Темата на годинашново издание е „Добив“.

Оваа година ПичПрич добива регионална поддршка со гостувањето на писателката и феминистка Асја Бакиќ. Таа во 2017 година со својата збиркa песни и раскази е прогласена за една од десетте најинтересни автори во Европа, а позната е по тоа што е основач и уредник на феминистичкиот портал „Муф“.

Останатите говорнички се: Ана Јакимска, наша млада наградувана и веќе позната режисерка; Марија Џонс, преведувачка, активистка за работнички права и кандидатка за градоначалничка на Скопје; специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, Маја Мухиќ, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа, теоретичарка и феминистка, како и актерката и активистка Симона Спировска. 
Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.