Европа и кризата на Балканот

08.03.2018 00:57
Европа и кризата на Балканот

„Втората светска војна е завршена, но Првата сè уше трае, неодамна рече еден турски претставник на власта во Анкара. Тој мислеше на Блискиот исток, но во Москва, Киев и на Балканот го слушнав истиот коментар за Европа. Не и во Брисел, затоа што Европската унија сè уште не признава дека живееме во свет во кој геополитиката се врати, во кој владите и поголемиот дел од јавноста се опседнати со границите и териториите и кадешто националната гордост е поважен од економскиот развој.

Тоа е проблемот со Западен Балкан каде ЕУ одбива да се однесува и да мисли како геополитички играч. Овој месец таа ја претстави својата нова стратегија за овој регион. Нејзината цел е со обновувањето на шансите за членство во ЕУ да се поттикнат реформите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија. Тоа е навистина храбар потег во момент кога европските институции се соочуваат со подем на популизмот во повеќето држави на Европската унија.

Еден балкански виц најдобро ја опишува состојбата на луѓето кои чекаат предолго: оптимистите веруваат дека Турција ќе ѝ се придружи за време на албанското претседавање, додека песимистите веруваат дека Албанија ќе се придружи за време на турското претседавање. Со други зборови: никогаш.

Брисел добро проценува дека состојбата на статус кво е неодржлива. Но, оваа констатација без придружни мерки води кон нестабилност во регионот. Во Западен Балкан постои реална опасност од украинско сценарио, односно поддршката на властите за европските интеграции може да предизвика посилна реакција на противниците на проширувањето (читај Русија) отколку поддршката на јавноста за овој проект.

Балканот повторно е актуелен, пред сè заради бегалската криза која длабоко го потресе регионот. Во него повторно се засилува желбата за европските интеграции, по периодот во кој ЕУ важеше за организација која дава премалку пари а поставува премногу услови.

Охрабрувачки, иако слабо забележан настан е неодамнешната ратификација на договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија, две држави чиишто одноди долго време беа затегнати, главно заради проблемот со малцинствата. Со тој важен чекор двете држави сигнализираа дека е дојдено времето за решавање на проблемите во регионот.

За да ги оствари своите амбиции во врска со трансформацијата на регионот, Европската унија треба да ги земе предвид актуелните геополитички промени. Кога во 2003 година, првпат им вети членство во ЕУ на балканските држави, ретко кој се сомневаше во европската иднина на регионот. За Русија Балканот беше само транзитно подрачје за извоз на нејзините енергенси на пазарите на западна Европа. Тогаш Москва немаше амбиции да се натпреварува со Брисел.

Пред 15 години Турција очекуваше дека брзо да се придружи кон ЕУ. Во согласност со тоа ја обликуваше својата политика кон Балканот за да на Европа да ѝ го покаже сопственото стратешко значење. Тогаш никој не ја очекуваше Кина на Балканот.

Во меѓувреме порасна геополитичката конкуренција на Балканот. Оваа година Кина станува најголем инвеститор во регионот. Плановите да се изгради брза пруга меѓу грчкото пристаниште Пиреја и Будимпешта, преку Белград се многу важни за Кина како дел од развојот на нејзината трговска рута „еден појас, еден пат“ (one belt, one road) помеѓу Азија и Европа. Кина се надева дека со време Западен Балкан ќе се интегрира во единствен европски пазар, иако не се брза своите инфраструктурни проекти да ги усогласи со закните на ЕУ.

Тоа покренува многу прашања. Дали би било подобро ЕУ веднаш да ги притисне државите од Западен Балкан да го усвојат нејзиниот правилник за јавните набавки или тоа треба да се остави за подоцна? Дали ЕУ е подготвена да понуди компензација во случај тие држави, заради европската интеграција, ги изгубат кинеските инвестиции?

И Русија го промени пристапот. Јасно е дека Русија ќе биде против приклучувањето на Македонија во НАТО, иако повеќе заради симболички, отколку стратешки причини.
Креаторите на европската политика треба да знаат дека ако долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија не го разреши до следниот самит за Западен Балкан во мај 2018 година, тоа ќе биде двократен пораз – крај на амбициите на Македонија и пропаст на напорите на Брисел во регионот да биде сериозно сфатен.

Балканот е место каде Русија може да работи на дестабилизација на Европската унија и тоа по многу ниска политичка цена: без поголеми финансиски трошоци и без ризик за судири со САД. Пред европската дипломатија стои задачата да ја увери Москва дека ескалацијата на тензиите не е во нејзин интерес. Дали ЕУ е подготвена за тоа?

Тука е и Турција, држава чиишто односи со ЕУ се најниско ниво во нејзината историја. Намерите на Западен Балкан на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сè уште не се јасни. Анкара го засилува своето влијание врз муслиманските заедници на Балканот, а Москва врз православните христијани. Дали Русија и Турција ќе ги усогласуваат своите политика по рецептот од Сирија?

Ако Европската Унија не реагира брзо на новите геополитички реалности, нејзината стратегија за Западен Балкан ќе доживее пораз.

Слика: Bülent Kılıç/AFP/Getty Images

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото