Осмомартовски толчник

08.03.2018 18:57

Некои би сакале да е секогаш така

Мажот да е тој што го клава

И уште би сакале

Тој да е глава

на Змејот,

на чудовиштето и ѕверот

Она мало нешто што молчи

Дури не добие заби

за да глода, да ждере и толчи

Некои би сакале да е секогаш така

Мажот да е тој

Јунак што го убива Ентони Хопкинс

А јагненцата да стивнат

Некои би сакале вечно да биде

Март, небаре осми

Ден кога светската берза

Ја клава

Цената на цвеќето

Во енклава

И дава

Да биде нешто пониска од деновите

Кога јагненцата гласно блеат

А главата на мажот се става во торба

За жената да не мора да прави чорба

Некои би сакале

И жените во Сирија

Да можат да слават

Да не биде само мажот Жена,

Тој што го клава

ВО ЕНКЛАВА

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото