Уште 9 изведувачи кои треба да ги чуете во 2018 (2)

09.03.2018 05:35
 Уште 9 артисти кои треба да ги чуете во 2018 (2)

Даниел Цезар (Daniel Caesar)

Ако сè уште не го знаете Даниел Цезар, ќе чуете многу за него и неговата музика во 2018. Канаѓанскиот R&B и соул изведувач беше номиниран годинава во две Греми категории, најдобра R&B изведба и најдобар R&B албум. Соул пејачот е независен издавач од 2015, од кога има привлечено многу онлајн следбеници и има добиена многустрана критичка признаеност за неговите ЕП-а и за скорешниот дебитантски албум Freudian, издаден во август 2017. Ако сакате да слушнете нешто глатко и релаксирачко со вокали кои ќе допрат до вас, албумов е за вас.

Pale Waves

Инди-рок квартетот нуди емоционални текстови со заразен поп звук кој црпи влијание од бендови од 1980-те како The Cure и Cocteau Twins. Првото нивно ЕП All The Things I Never Said излегува на 16 март.

H.E.R.

H.E.R. значи ‘Having Everything Revealed’ (Да се открие сè), што упатува кон тајноста на алтернативната R&B и соул пејачка во однос на нејзиниот идентитет. Во интервју со NPR, американската пејачка позната како Габи Вилсон е јасна во своите намери: „проектов се роди од емоција, и за тоа сакав да биде – не за тоа како изгледам или со кого се гледам. Мислам дека ова е ера на анти-ѕвездите. Сакав да биде за музиката, и да се оддалечи од ‘со кој се гледа?’, ‘што облекла’“. H.E.R. има издадено две ЕП-а, реиздадени како компилациски албум во декември 2017, а скоро ја сподели и новата песна со јасен наслов ‘My Song’ (Мојата песна), која можеби наговестува дебититантски албум наскоро.

Зигрид (Sigrid)

Ако се сложувате со Perfume Genius кој лани пиша на твитер, „ни треба Робин“, и мислите дека шведската пејачка е претивка последниве години, можеби ќе се заситите со замена за скандинавската поп музика. Зигрид е 21-годишна норвешка пејачка која разбранува води во 2017 и ќе го издаде својот прв албум во 2018.

Попи Аџуда (Poppy Ajudha)

Соул гласот и музиката на Попи Аџуда ќе ве понесе на незаборавно патување. Додека го чекаме нејзиниот дебитантски албум, погледнете го нејзиниот видео спот за ‘Spilling into you’.

Snail Mail

Предводен од 18-годишната пејачка и гитаристка Линдзи Џордан, инди-рок бендот Snail Mail го снимија својот прв албум кој излегува годинава.

Au/Ra

Au/Ra ќе ве заинтригира со нејзиниот дарк-поп и зелена коса. Младата пејачка која сака да се забавува има издадено само неколку песни но вокалите кои инспирираат и нејзината харизма веќе ѝ донесоа многу фанови.

Луси Декус (Lucy Dacus)

Луси Декус е американска инди-рок изведувачка која го привлече многу внимание со нејзиниот дебитантски албум No Burden уште во 2016. Вториот нејзин албум Historian кој излезе на 2 март би требало да ја затемели како водечки глас во сегашната инди сцена.

Turnstile

Turnstile е хардкор панк рок бенд од Балтимор кој привлече многу внимание поради нивните изведби во живо и нивниот воодушевувачки дебитантски албум Nonstop Feeling. Бендот ќе го издаде вториот албум Time & Space годинава.

извор: last.fm

Погледнете го првиот дел тука.