Ружите ни се восхитуваат

09.03.2018 15:19

„Ружите ни се восхитуваат. Голите мачки
ни се вртат околу бедрата. Реките
ни ги нудат своите стада. Ветровите се нарекуваат наши слуги."
Така зборуваат нашите мудреци кои сакаат да бидеме среќни. Но секој ден
некоја ружа ќе го отруе кралството,
тигрицата ќе ја однесе кометата
што ја хранеше кралицата; секој самрак
со својот нож од луња го прободува окото
на кралот. Достоен за пофалби е кралот: тој молчи,
се насмевнува, прифаќа. И ние исто така ја прифаќаме вистината на мудреците,
не вистината за она што би требало да биде.
Кои сме ние за да веруваме во она што е?

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото