Пич Прич 2018 #Добив

09.03.2018 16:04
Трето издание на ПичПрич

Пич Прич, гала вечерта на раскажување женски приказни на 8 март. се одржа во преполната сала на Кино Милениум. Темата на годинашново трето издание на ПичПрич беше „Добив“.

Оваа година ПичПрич доби регионална поддршка со гостувањето на писателката и феминистка Асја Бакиќ. Таа во 2017 година со својата збиркa песни и раскази е прогласена за една од десетте најинтересни автори во Европа, а позната е по тоа што е основач и уредник на феминистичкиот портал „Муф“. И во Скопје таа направи впечатлив настап кој публиката го награди со силен аплауз.

Останатите говорнички беа од Македонија: Ана Јакимска, наша млада наградувана и веќе позната режисерка (истовремено и компаративка); Марија Џонс – преведувачка, активистка за работнички права, а и кандидатка за градоначалничка на Скопје; Маја Мухиќ, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа, теоретичарка и феминистка; како и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Таа направи пародија на дел од коментарите за нејзиното излегување во дискотека, за што беше критикувана и во некои медиуми и на социјалните мрежи. Таа говореше за родовото стереотипизирање, нејзината порака на крајот беше дека немирот доаѓа од недостигот на правда и дека сите мора да се потрудат општеството да биде поправедно и поправично.

Водителки на настанот беа писателката Румена Бужаровска и активистката Ана Василева, кои се иницијаторки на ПичПрич.


Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 Фото: Ванчо Џамбаски