Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“

12.03.2018 01:39
Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“

Во Отвореното графичко студио – Музеј на град Скопје, на 12 март, во 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од бразилскиот уметник Рафаел Медина. Затворањето на изложбата ќе биде в недела во 20 часот.

Фотографот Рафаел Медина портретира девет геј мажи на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35мм фотографии и видео претставуваат визуелно истражување на нивните тела, сексуалност и нивниот однос кон геј заедницата.

Медина е бразилски фотограф кој живее и работи во Берлин. Во фокусот на неговите дела се прашањата за сексуалноста, родот и прифаќањето на телото, давајќи видливост на квир и дисидентски тела.

Проектот „Во кожата, длабоко: +60“ бил започнат за време на програмата за уметнички престој Инстинкт.Берлин.

Во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењето во геј заедницата; заедница каде што стандардите за убавина и младоста се дури и повисоки отколку оние во мејнстрим заедницата. Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ / СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија. Тие беа клучни за денешното прифаќање на квир луѓето. Сега, на зрела возраст, тие повторно треба да направат парадоксално искуство: тие, кои се бореа за видливост, повторно се третирани како невидливи, но овојпат од нивната заедница.

Општеството генерално, а посебно ЛГБТ заедницата, го прикажува стареењето на стереотипен начин, честопати негирајќи ја сексуалноста на постарите мажи. Затоа, Рафаел Медина избира мажи кои ги оспоруваат предрасудите поврзани со стареењето со цел да дадат нова перспектива на оваа тема. Овие мажи некако создаваат нови можности за живеење и го реобмислуваат концепт на стареењето.

 

ОкоБоли главаВицФото