Извинување

12.03.2018 01:02
Извинување

Не ти треба многу за да од врата ја одмериш твојата добра пријателка, не ти треба многу да го споделиш мислењето за нејзиниот изглед. Не ти треба многу за да процениш дека е некако „поубава и покомплетна“ откако стана мајка, не ти треба многу ни својата експертиза да ја објавиш на Фејсбук.

Не ти треба многу дури ни другата своја пријателка – онаа на која, да речеме, твојот претходен коментар не ѝ се допадна баш многу, да ја орасположиш со другарска шега; на пример, во приватна порака да ѝ понудиш малку сперма во филџан, чисто онака, да се најде, за некогаш кога ќе одлучи да се комплетира. За ништо од сето ова, не треба многу: сосема е доволно што си машко.

Но, проблемите настануваат кога онаа другата пријателка никако не сака да ја разбере шегата, туку шерува и се буни, па една невина филџан зафрканција – која ти се чинеше некако вирилна додека ја пишуваше – неочекувано станува вирална. Да се помине патот од зафркантска приватна порака до изнудено јавно извинување, тогаш зачудено сфаќаш – одеднаш ти треба многу, многу повеќе.

Колку сме сексистичко општество најдобро дознаваме од сопствениот пример, мислејќи дека е шега она што е сериозна навреда, напиша на својот фејсбук профил Горан Самарџиќ, сараевски писател и коспоственик на издавачката куќа „Buybook“, автор на неколку успешни книги и на еден неуспешен обид да ја шармира новинарката Јелена Калиниќ, нудејќи ѝ „малку од она“ во филџан.

„Ѝ се извинувам на Јелена Калениќ и на целата јавност заради сексизмот. Свесен сум каква штета направив и се повлекувам од сите позиции во издавачката куќа „Buybook“. Извинувањето – кратко, коректно и, се чини, искрено – стигнало на адресата на новинарката, но цели десет дена по филџанот: затоа сега, еве, прецизно знаеме што е потребно за да се помине макотрпниот пат од приватна порака до јавно извинување. Беше потребен цел еден помал регионален скандал и џунгла на спротивставени коментари, беше потребно секојдневно онлајн прозивање и уште поголема поддршка од оние кои сметаат дека реакцијата на Калиниќ била претерана. Требаше да се извиниш уште во својата прва изјава, пред десетина дена затоа што „заради дел од приватна преписка во ФБ заедницата се креираше мислење за мене како сексист“: како ти со тоа креирање на мислење да немаш никаква врска.

Требаше да потсетиш дека поддржуваш „објавување на литература која ги афирмира женските и човековите права“ и уште повеќе, дека и самиот имаш напишано роман со квир јунак: како да книжевниот опус однапред те ослободува од обвинение и казна и како да локални леви и либерални сцени не се преполни со машки шовинисти.

Требаше Абдулах Сидран да ти порача дека: за каква било нетолеранција може да те обвини оној што не те познава тебе и твојата книжевност“, како само добрите пријатели да се надлежни за проценка на сексизмот. Ти беа потребни неколку дена за да изјавиш дека Јелена „ти била добра пријателка“, дури и „книжевна обожавателка“: како да не се важи белјата со пијателките и обожавателките. Ти беше потребно да се довериш дека „ти е жал за Јелена“ и дека „си изгубил пријателка“: како овде да се работи првенствено за твоите чувства.

Ти беше потребно да најавиш дека ќе се исклучиш од Фејсбук зашто „не си дораснал на тоа чудовиште“, како Фејсбук да е виновен за тоа што си пишувал таму. Требаше при секое извинување да повториш дека „си бил наивен“ и „погрешно разбран“ и дека „не си имал лоши намери“: сето тоа беше потребно и добро е што се случи.

Зашто и сега кога Самарџиќ од трет обид, конечно успеа да состави едно чесно извинување, затворајќи ја приказната на примерен начин – се ројат коментари на оние кои не се согласуваат со таквиот заклучок. И затоа што сега, откако приказната е завршена, имаме убав кроки на речиси секој локален сексистички испад.

Како по правило, сите тие добронамерни фраери и опуштени заебанти веќе по првата негативна реакција се претвораат во сопствената спротивност: не останува ништо од оно цврс мажествен гард. Па наоѓаат оправдувања, го обвинуваат Фејсбук и потсетуваат на своите заслуги од минатото. Па се викаат пријателите за сведоци, па се истакнуваат добрите намери. Па се укажува на контекстот, па се воочува пошироко неразбирање. Понекогаш се фасцинантни тие трансформации: само неколку чекори од алфа мажјак до наивно и несфатено момче, кое сосема прецизно вината ја лоцира секаде само не во сопствените зборови.

Чудно, зашто кога ќе ја прочитате финалната изјава на Самарџиќ, работата не изгледа толку комлицирано: доволно е да се преземе одговорност, да се понуди извинување и да се поправи грешката. Доволно е да се прифатат последиците, доволно е да не се бараат виновници. Или – ајде да го кажеме тоа со зборови што нема да ги иритираат оние што се чувствителни на теророт на политичката коректност, #MeToo лелекања и слични фемиистички керефеки – доволно е да си машко.

Слика: Aleksandra Waliszewska

Извор: Novosti

 

ОкоБоли главаВицФото