Лиса Буфано - За дрвено срце еден здив е цело море

12.03.18 12:25

Претставата „За дрвено срце еден здив е цело море“ во кореографија на Лиса Буфано е необичен модерен танцов дует за танчари со посебни потреби, кој се занимава со врската меѓу физичката трансформација и идентитетот.

Лиса Буфано (1972-2013), интердисциплинарна уметница од Бостон. Како дете била гимнастичарка. По бактериската инфекција, кога во 21-та година од животот ѝ биле ампутирани двете нозе и прстите на рацете, започнала да студира и да се занимава со уметност и танц, станувајќи една од најголемите уметнички ѕвезди. Во 2013 изврши самоубиство, не оставајќи порака за причините.

Два месеци по смртта на Лиса, нејзиниот брат изјави: „Има многу шпекулации зошто Лиза си го одзеде животот. Фејсбук, пријателите, членовите на семејството и нејзините фанови би сакале да знаат. Тие сакаат да најдат смисла во сето тоа. Тие сакаат да се чувствуваат во ред. На крајот, тие ја сакаат назад. Лиса не сакаше другите луѓе да ја проектираат својата идеја за тоа која е таа. Никогаш нема да разбереме зошто. Никогаш нема да има смисла. Верувам дека таа целосно го живееше својот живот и дека нејзиниот живот беше многу животи. Нејзината мисија е завршена и таа мора да го сфатила тоа кога си заминала од овој свет“.

ОкоБоли главаВицФото