Лов на вештерки: феминистички осврт

12.03.2018 15:12
Лов на вештерки: феминистички осврт

Самоорганизираниот колектив на СЦ Дуња ве поканува на 15 март, четврток, во 18 часот, на интерактивен настан за ловот на вештерки, период во којшто над 200 000 жени биле изгорени на клада, обесени или измачувани во западниот свет.

Гостинка ќе ни биде Ана Блажева, доцент и истражувачка од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), која ќе даде феминистички осврт на ловот на вештерки, инспирирана од истражувачката работа на Силвија Федеричи.

Зошто воопшто дошло до таков масовен покол на „вештерки” во тој период? Зошто најмногу жените биле прогонувани за вештерство? Kако преминот од феудално општество во капитализам влијаел врз истиснувањето на „вештерките“ од т.н. пазар на труд и нивното „протерување“ во домашната сфера?

извор: фејсбук

ОкоБоли главаВицФото