Ново светско архитектонско чудо

27.08.2010 11:45
Ново светско архитектонско чудо

Олимписката кула во Рио де Жанеиро ќе го добие својот конечен лик на Олимписките игри во 2016 г., а многумина веќе ја прогласија за ново светско чудо. И тоа, со причина!

Првите ОИ во Јужна Америка ќе донесат и архитектонска гордост. Се работи за величествената кула Solar City која е осмислена во аритектонското студио RAFAA, а ќе биде сместена на островчето Котондуба, близу Рио де Жанеиро.

По многуте контроверзи околу лондонската кула за ОИ во 2012 г., од нејзините естетски компоненти па сè до безбедносните, со ова соларно олимписко чудо тоа не е случај.

Јавноста и стручњаците се воодушевени и со обликот и со содржината, па затоа и не чуди тоа што веќе ја нарекоа новото светско чудо.

Solar City Tower ќе се базира на соларна платформа која во текот на денот ќе ја дава сета потребна енергија, додека вишокот ќе го користи за ноќната потрошувачка и за напојување на пумпите за вода, кои ќе ја повлекуваат морската вода за водопадот кој ќе ја краси кулата.

Кулата ќе има и трговски центар, театри, ресторани и кафулиња, и, што е најбитно, ќе има фасцинантен поглед на Рио и плажата Копакабана од височина од 105 метри.

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Уметност
Јавни простори
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Технологија
Активизам / Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото