Промоција на книгата „Урбанон“ на Марио Савовски

14.03.2018 14:11
Промоција на книгата „Урбанон“ на Марио Савовски

 Последнава недела едно прашање ги обзема сите – „Што е 0101001101001011?“ – Што е со мистериозниот вебсајт кој покажува видео на човек како лебди над МРТВ и тајмер кој одбројува „Време до откривање“.

...Каде водат скриените страни на сајтот http://0101001101001011.com/?
....Што е со тајните документи?
...Каква е таа организација по име ОТРАЛКОН?

Времето на откривање дојде. Одговорите на овие прашања, на мистеријата позади сајтот, видеото, и ОТРАЛКОН лежат во книгата „Урбанон“ на Марио Савовски.

Урбанон претставува нешто што го немало досега кај нас – Alternate Reality Game, или АРГ - комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на една приказна. Книгата не вовлекува во светот на урбаните легенди и ни ги прикажува приказните во форма на извештаи направени од страна на тајна организација која проучува паранормални настани.

Воедно, ова е и првата ИНТЕРАКТИВНА промоција на книга каде посетителите не само што ќе можат да ја купат книгата туку ќе имаат шанса и на самата локација да влезат во светот на книгата и да откријат дел од приказната.

MKC Club & Restaurant, 21ви Март, Среда, 19:30.

Ова не е крајот на играта.

извор: фејсбук

ОкоБоли главаВицФото