Мојот идол - Хокинг

14.03.2018 18:56

Кога имав 14 години на школо ни дадоа писмена задача на тема „Мојот идол“. Сите пишува за своите пејачи, спортисти, комичари, а јас за мојот - Стивен Хокинг.

На 24 се разболев од „неговата“ болест.

Денес е 14 март, јас имам 44, и сеуште сум тука оти сето ова време ја следам неговата ѕвезда.

Нека од денес таа сјае како нова смерница на човештвото.

Ирена Поповска, Фејсбук, 14.03.18.