Преку кул ми е: вклученост на младите во медиумите

17.03.2018 12:58
Преку кул ми е: вклученост на младите во медиумите

Дали твојот глас некогаш бил слушнат?

Во серијата на настани Let's talk about this одлучивме да зборуваме за младите и нивната вклученост во медиумите. Во општество во кое младите се ставени на маргините, тие успеваат да изнајдат субверзивни форми на изразување. Графити, музика, филм, активизам, волонтирање, блог или влог, па сè до апатија.

Во недела 18ти март, во 19 часот во Кинотека на Македонија (Cinematheque of Macedonia) дојдете да ја проследите дебата, на која ќе се опфатат прашањата за улогата на младите во медиумите, медиумската писменост и (не)учеството на младите во медиумската сфера.

Извор: фејсбук

***

Што е КРИК?

Емисија со два сегменти кои ги таргетираат потребите на младите луѓе.

Општествен дел:
Актуелни теми кои ја засегаат младата популација и ставаат акцент на секојдневните проблеми со кои тие се соочуваат.

Културен дел:
Воведување на младите во културните трендови преку претставување на нови ликови од уметноста, музичката сцена, филмската индустрија и младинскиот активизам.

Информативен дел за популарни културни настани кои изминале и допрва ќе се случат.

https://www.facebook.com/krikplus/

 

ОкоБоли главаВицФото