„Архе-фашизам“: Случајот Хајдегер

19.03.2018 01:28
„Архе-фашизам“: Случајот Хајдегер

Да се сетиме на случајот Хајдегер односно на прашањето дали тој бил нацист или не. Хајдегер не бил отворен антисемит, за разлика, се чини, од неговата жена; значи, не се идентификувал со биологистичкиот, расистички карактер на нацистичкиот национализам, ниту го делел нацистичкото одушевување со модерната техника; но, во голема мера бил следбеник на она што тогаш се нарекувало конзервативна револуција - термин кој во 1927 го вовел Хофманстал ( Hugo von Hoffmansthal)за да ја опише политиката на радикалната реакција во Германија по Првата светска војна. А тоа значи дека Хајдегер се препознал во дијагнозата на светскоисториската криза и културна декаденција, како и во барањето за обнова, се разбира во национална смисла, значи во смисла на националната обнова како единствена перспектива за спас и подобра иднина. Со други зборови, му биле блиски идеите на Шпенглер (Oswald Spengler), Јингер (Ernst Jünger), Шмит (Carl Schmitt) и на сличните идеолози на конзервативната револуција. Во таа смисла треба да се разбере да речеме тезата на Лаку-Лабарт (Lacoue-Labarth) за „архе-фашизмот“ на Хајдегер. Станува збор за димензија во која се отвора прашањето за суштината на политичкото, во смислата на Шмит, значи за перспективата во која фашизмот се претставува како вистина на политичкото.

Извор: https://www.lupiga.com

ОкоБоли главаВицФото